Поврзете се со нас

Формула 1

Норис со перфектен круг му ја украде пол-позицијата на Ферстапен

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Ландо Норис во својот последен обид извозе перфектен круг на позната патека Каталуња, па така утре ќе стартува прв на трката за Големата награда на Шпанија.

Возачот на Мекларен стигна до својата втора пол-позицијата во кариерарта, но нивото кое го нуди во последно време прави случувањата во Формула 1 да бидат далеку поинтересни и повозбудливи.

Макс Ферстапен изгледаше резервирано во првите сесии и доста се мачеше да го пронајде ритамот, но на крајот остана без нова пол-позиција само поради перфектниот круг на Британецот.

Ландо во последен час извозе за две илјадитинки подобро од актуелниот светски шампион, па така утре ќе стартува со мала предност на главната трка.

– Извозев перфектен круг и бев емотивно потресен на крајот. Бевме блиску до врвот цел викенд, а веќе два месеци сме меѓу најбрзите. Макс и Ред Бул се малку посилни во трка, но успеавме да коригираме некои работи и да стигнеме до пол-позицијата, – изјави возбудениот Ландо.

Покрај Норис и Ферстапен, во битка за највисок пласман беа и Хамилтон и Расел кои ќе стартуваат во вториот стартен ред, а на крајот Леклер и Саинц мораа да се задоволат со петто и шесто место во стартниот поредок за утрешната трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни