Поврзете се со нас

Формула 1

Норис смета дека потегот на Ботас бил глупав, Финецот заработи казна за следната Ф1 трка

Објавено

на

Ландо Норис беше еден од учесниците на Формула 1 трката во Унгарија кој беше директна жртва на потегот на Валтери Ботас уште во првиот круг, а возачот на Мекларен смета дека ривалот од Мерцедес постапил глупаво во оваа ситуација.

Ботас го собра Норис, а овој заврши во болидот на Макс Ферстапен, што беше и клучен момент за Норис да не ја заврши трката, а возачот на Ред Бул на крајот да освои само еден поен на „Хунгароринг“.

По трката, стјуардите му доделија казна на возачот на Мерцедес, кој ќе стартува пет позиции поназад од резултатот во квалификациите за трката во Белгија. Иста казна доби и Ленс Строл, кој на сличен начин предизвика судир поназад во колоната на стартот.

– Не ми е јасно зошто мораше да се случи тоа во првиот круг.

– Зошто да се ризикува и да се прават такви глупави работи, јас не можев ништо да сторам за да го избегнам контактот. Според мене за вакви потези се потребни поголеми казни, – изјавил Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни