Формула 1
Норис побрз од Ферстапен, ќе стартува од пол-позицијата на трката во Холандија
Ландо Норис ја освои пол-позицијата за утрешната Формула 1 трка во Холандија и ќе стартува пред актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
Претставникот на Мекларен импресионираше во денешните квалификации и во последниот круг потврди дека е најбрз со предност од 3,5 десетинки во однос на Ферстапен, додека неговиот тимски колега Оскар Пјастри ќе стартува од третата позиција.
Џорџ Расел ќе го комплетира вториот стартен ред, додека до десеттото место се најдоа Перез, Леклер, Алонсо, Албон, Строл и Гасли.
Најголемо разочарување беа Луис Хамилтон и Карлос Саинц кои не обезбедија место во третата квалификациска рунда и на утрешната трка ќе започнат од 12, односно 11. место.
Во пресрет на утрешната трка, Ферстапен е прв со 277 поени, додека Норис може да ја намали разликата откако досега освои 199 поени.
-
Лига на шампионипред 20 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Светпред 19 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Лига на шампионипред 23 часа
Алисон распали по новиот формат во пресрет на премиерното коло во ЛШ: Не сме глупави!
-
Светпред 16 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Шпанијапред 17 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Балканпред 13 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата
-
Светпред 21 час
Марсијал конечно пред реализација на трансфер, ќе стане најплатен играч во историјата на „двоглавите орли“