Формула 1
Норис плати скапа цена за своето невнимание, Ферстапен прв на целта во Катар
Макс Ферстапен брзо си го врати првото место од квалификациите во дуелот со Џорџ Расел, а до крајот на трката без поголеми проблеми го потврди и новиот триумф во сезоната, во која веќе ја потврди својата четврта титула во Формула 1 шампионатот.
Трката за ГН на Катар беше одбележана со неколку активирања на безбедносното возило, како и пропустот на Ландо Норис, кој поради непочитување на жолтите знамиња доби стоп-го казна од десет секунди и со тоа ја загуби втората позиција на патеката.
Шарл Леклер на крајот го освои второто место и го остави Ферари во игра за титулата во конкуренција на конструктори, во пресрет на последната трка во Абу Даби. Мекларен има 21 поен повеќе од Ферари, а на последната трка ќе бидат достапни најмногу 44 поени.
Место на победничкиот пиедестал обезбеди и Оскар Пјастри од Мекларен, додека Норис на крајот заврши на десеттото место.
Расел тргна од пол-позицијата, но мора да се задоволи со четвртото место, а до деветтата позиција во Катар се пласираа Гасли, Саинц, Алонсо, Жу и Магнусен.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан