Формула 1
Норис ја освои пол-позицијата, Мекларен пред титулата во Ф1
Трката во Абу Даби носи 44 поени во битката за конструкторската титула во Формула 1, но ако се суди според квалификациите, Мекларен е пред понесување на ова важно признание во „најбрзиот циркус“.
Ландо Норис се избори за осма пол-позиција оваа натпреварувачка сезона, а саботата да биде перфектна за Мекларен се погрижи и Оскај Пјастри кој имаше второ најдобро време.
Карлос Саинц беше блиску до двоецот на Мекларен и извозе трет најбрз круг, но од друга страна, катастрофалниот викенд за Леклер продолжи и денеска.
Возачот од Монако не се пласираше во завршната сесија и беше само 14-ти, но поради промена на погонската единица утре ќе стартува последен.
Поради денешниот распоред на силите и позитивата од 21 бод, Мекларен како тим е пред титулата во конструкторскиот дел, бидејќи утре ќе треба да се случи чудо во корист на Ферари за да дојде до пресврт на главната трка.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…