Поврзете се со нас

Формула 1

Норис издоминира на трката во Сингапур, Ферстапен ја намали штетата и доби помош од Рикиардо

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Ландо Норис ја потврди доминацијата на Мекларен во овој момент, такашто беше недопирлив за конкуренцијата ова попладне на трката за Големата награда на Сингапур.

Уличната патека Марина Беј традиционално не му одговара на Ред Бул и беше јасно дека Макс Ферстапен ќе се мачи овој викенд, но светскиот шампион успеа да ја намали штетата со освоеното второ место и да спречи поголем удар во битката за шампионската титула.

Ферстапен едноставно не можеше да го прати Норис кој уште во првата фаза од трката му избега повеќе од 20 секунди, па во тие моменти, Британецот си беше најголем противник на сам себе и еднаш за малку ќе завршене во оградата.

Ландо малку го оштети предното крило, но бидејќи немаше голема штета успеа мирно да ја продолжи трката и потоа да стигне до планирана победа.

Покрај него и Макс, место на подиумот имаше и за Оскар Пјастри од редовите на Мекларен, што само покажува колку овој тим напредуваше во последните неколку месеци.

На крајот од трката, Ферстапен добра вест доби од Даниел Рикардо, бидејќи поранешниот член на Ред Бул му го „украде“ најбрзиот круг на Норис.

По овие случувања, Норис сега има 52 бода помалку од Ферстапен, а до крајот на сезоната има уште шест трки.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни