Поврзете се со нас

Формула 1

Норис издоминира, Ферстапен мораше да се задоволи со второто место пред холандските фанови

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/McLarenF1

Ландо Норис ја загуби првата позиција на стартот на Формула 1 трката во Холандија, но подоцна се врати на посакуваното место и стигна до убедлива победа на патеката Зандворт.

Возачот на Мекларен издоминира на денешната трка и не му даде шанса на домашниот миленик Макс Ферстапен, па актуелниот Ф1 светски шампион мораше да се задоволи со втората позиција на денешната трка.

Ферстапен го престигна Норис на стартот, но издржа само до 18. круг, кога во моментов најголемиот ривал успеа да го престигне на патеката, за до крајот да заостанува дваесетина секунди зад лидерот.

Одлична трка извозе Шарл Леклер кој му донесе трето место на Ферари, задржувајќи го Оскар Пјастри зад себе во голем дел од трката и во решавачките моменти.

Карлос Саинц беше веднаш зад овој двоец, односно на петтото место, додека до десеттата позиција се најдоа уште Перез, Расел, Хамилтон, Гасли и Алонсо.

По денешната победа, Норис стопи дел од предноста на Ферстапен во генералниот пласман, па сега заостанува 70 поени во пресрет на трката во Монца.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни