Поврзете се со нас

Формула 1

Норис имаше страшен инцидент на Спа, Фетел со класа потег ги воодушеви Ф1 фановите (Видео)

Објавено

на

Квалификациите на трката за Големата награда на Белгија се прекинати поради страшниот инцидент кој го имаше Ландо Норис, а кој беше предизвикан од екстремно лошото време и кататрофалните услови на патеката.

Иако добар дел од возачите се жалеа и нагласуваа дека патеката не е безбедна, стјуардите не ја прекинаа сесијата, се до моментот кога Ландо се заби во заштитната ограда и го распарчи својот болид.

Среќата е голема бидејќи Норис не заработи посериозна повреда, а со оглед на тоа што Спа е позната по големи трагедии во овој спорт, посебно бесен беше Себастијан Фетел.

Германецот возеше зад Норис и преку радиото дозна дека веднаш е покажано црвено знаме и е прекината сесијата, по што возачот на Астон Мартин бесно викаше.

– Што велев јас, што по ѓаволите велев. Дали е добар…… Да, тој е добар, – порача Фетел кој уште еднаш се истакна со класа потег, бидејќи застана да провери дали неговиот колега е во најдобар ред.

Видео од инцидентот на Норис….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни