Поврзете се со нас

Формула 1

Норис го нападна Ферстапен: Ако не признае дека направил глупост…….

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Ландо Норис во три наврати се обиде да го премине Макс Ферстапен, а последниот заврши доста лошо за него, бидејќи возачот на Ред Бул остана со распарчена гума и со оштетено предно крило.

Иако стигна до боксот, британскиот возач не можеше да продолжи и остана без бодови на трката за Големата награда на Австрија, што сосема очекувано предизвика голем револт и нервоза кај младиот Ландо.

Макс Ферстапен со своето движење се погрижи да дојде до контакт и така направи Норис да ја заврши трката, додека тој на крајот финишираше како петти и сепак освои бодови на патеката „Ред Бул ринг“.

– Навистина сум разочаран, не знам што да кажам повеќе освен тоа. Барав силна и фер битка, но на крајот не го добив тоа. Не смеете да се движите со активирана стопирачка когоа има возило зад вас, а тој тоа го правеше три пати. Тој ја уништи мојата трка, но и својата. Постојат правила и тие треба да се почитуваат. Доколку Ферстапен не признае дека ми ја уништи трката, ќе ја изгубам почитта кон него.

– Не направив грешка и завршив без бодови не по моја вина. Тој треба да каже нешто, а не јас. Нашето пријателство? Ќе зависи од тоа како ќе ја објасни ситуацијата. Ако тврди дека е во право, може да заврши, ако признае дека направил глупост, тогаш ќе го разберам, – изјави Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни