Поврзете се со нас

Формула 1

Норис фрустриран по квалификациите: Како никогаш да не сум возел Ф1 болид

Објавено

на

Ландо Норис сезонава атакува на шампионската титула во Формула 1, но за да ја исполни таа цел ќе мора да ги подобри своите резултати и во квалификациите.

Вчера пилотот на Мекларен стигна до само шестото место во третата квалификациска сесија во Бахреин и тоа со заостанување од речиси половина секунда во однос на тимскиот колега Оскар Пјастри, кој си ја обезбеди пол позицијата.

По квалификациите, Норис бил самокритичен и го лоцирал проблемот кај себе.

– Немам на што да се пожалам на тимот, болидот беше неверојатен како и секогаш.

– Едноставно сум „исклучен“ цел викенд, немам решение на патеката и потребен ми е еден рестарт.

– Имам проблем со пристапот, бидејќи она што е добро во една, не функционира во следната сесија. Се менува ветерот и јас не можам да се адаптирам, делува како никогаш да не сум возел Ф1 болид, – истакнал Норис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни