Поврзете се со нас

Англија

Норич потврди дека има фудбалер со позитивен тест на коронавирусот

Објавено

на

Премиерлигашот Норич вечерва потврди дека еден од двата позитивни тестови за коронавирусот доаѓа од неговиот состав.

Серијата тестирања продолжи со нови 1.200 тестови, а Премиер лигата потврди дека имало два позитивни теста во последната рунда.

Норич реагираше брзо и со соопштение најави дека еден фудбалер заминува во карантин.

– Согласно протоколите на Премиер лигата, нашиот фудбалер е веќе во самоизолација, а по седум дена првпат ќе биде повторно тестиран, – стои во соопштението на Норич, клубот кој не сака да го открие идентитетот на фудбалерот.

Она што е јасно е дека кој и да е фудбалерот со позитивен тест, тој ќе го пропушти натпреварот против Саутемптон, закажан за во петок.

Ова е осма рунда тестирање за премиерлигашите, а досега има 16 позитивни резултати од 8.674 тестови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни