Поврзете се со нас

АТП

Нори смечуваше директно во Ѓоковиќ и го налути српскиот тенисер (Видео)

Објавено

на

foto: twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во осминафиналето на Мастерсот во Рим, победувајќи го Камерон Нори со 2:0 во сетови.

Српскиот тенисер направи брејк уште во вториот гејм и подоцна го потврди со освојување на првиот сет со 6:4, додека во вториот сет двајцата тенисери освоија сервис на противникот во третиот, односно четвртиот гејм.

Сепак, Ѓоковиќ направи уште еден, во клучен момент за 5:3 и потоа го затвори мечот со 2:0 во сетови.

Посебно внимание на мечот предизвика и еден потег на Британецот, кој при смечување го погоди Ѓоковиќ директно во ногата, иако српскиот тенисер беше свртен со грб бидејќи се откажа од поенот.

Ѓоковиќ му упати „специјален поглед“ на Нори, кој веднаш се извини, а српскиот тенисер направи нешто слично и по завршувањето на гејмот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни