Поврзете се со нас

АТП

Ноле му одговори на Надал: Јас не сум опседнат, само го кажувам јавно она што го мислам

Објавено

на

Рафаел Надал во интервјуто за „Метро“ говореше за честите изјави на Новак Ѓоковиќ со кои отворено става до знаење дека вистински приоритет му се освоените грен слем трофеи и уривањето на сите рекорди, став со кој успеа да предизвика реакција од светскиот рекет број еден кој го смета Шпанецот за најголем ривал во својата кариера.

Шпанскиот тенисер нагласи дека има комплетно поразлично размислување од она на Србинот кога се во прашање рекордите во тенисот, потенцирајќи дека Ноле делува и опседнато кога е во прашање потерата по бројките и статистиката.

– Уживам во тоа што го работам, среќен сум што играм тенис. Секако дека сакам да освојам повеќе грен слемови, без никаков сомнеж. Ама никогаш … Мислам, Новак е повеќе опседнат со тоа, пофокусиран. Не мислам на негативен начин. Не, тој е повеќе концентриран на тие работи, многу му значи како и останатите работи, секогаш зборува за рекордите и секоја чест за тоа, – изјави Надал.

Оваа вечер пристигна одговор од Србинот, кој вели дека не е опседнат со рекордите, туку ги искажува своите цели во кариерата онакви какви што се.

– Не знам што сака Рафа, не знам како размислува и како гледа на работите. Не можам да говорам во негово име, има право да каже што сака. Тој гледа на мене на тој начин, но јас не чувствувам дека сум опседнат со нешто во животот. Јас само чувствува страст, голема желба и навистина големи цели. Одам по она што го сакам и немам проблем да го кажам тоа јавно. Немам проблем да кажам дека сакам да го урнам тој рекорд, некој можеби има.

– Од најрана возраст ги кристализирам работите. Како дете реков дека сама да бидам светски рекет број еден, а како што поминува времето, целите се зголемуваат. Го почитувам Рафа, тој е најдобриот противник и најголем ривал кој што сум го имал, но неговата мотивација е негова мотивација, јас не можам да навлегувам во тоа, – порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни