АТП
Ноле ќе мора да почека за 100. титула во кариерата: „Џинот“ Опелка го фрустрираше Ѓоковиќ во Бризбејн (Видео)
Новак Ѓоковиќ ќе мора да почека на својата јубилејна 100-та титула во професионалниот тенис, потфат кој планираше да го реализира оваа недела, но за кој очигледно сега ќе чека нова прилика.
Српскиот тенисер одигра два добри меча во Бризбејн и најави дека е во одлична форма на стартот на новата сезона, но третиот меч му го донесе и првото разочарување.
Ноле влезе како апсолутен фаворит во четвртфиналето со Рејли Опелка, но американскиот „џин“ не само што се покажа како незгоден противник, туки излезе и подобар ривал на теренот.
Моќниот сервис на Опелка му правеше огромни проблеми на Новак во текот на целиот меч, а се чини клучен беше првиот сет во кој се играше неизвесно до самата завршница.
Опелка излезе подобар во тајбрејкот и ја искористи втората сет топка за 8:6, резултат кој го осоколи да го напаѓач и сервисот на Новак во продолжение.
Рејли прв направи брејк и поведе со 3:1, а потоа до крајот го задржа својот сервис и славеше со 7:6 и 6:3 за своја најголема победа во кариерата.
Американецот го победи Ѓоковиќ како 293-ти тенисер на АТП листата, а само за потсетување, негов најдобар ранкинг беше 17-то место во 2022-ра година. Негов противник во полуфиналето во Бризбејн ќе биде Французинот Мпетши Перикар.
Bad night to be a tennis ball when Reilly Opelka is around.
He *CRUSHES* a 30th winner on the night to break Novak Djokovic, then holds and leads 7-6(6) 4-1!#BrisbaneTennis pic.twitter.com/tcyQ2bGnpt
— Brisbane International (@BrisbaneTennis) January 3, 2025
Sealed with an ace ✅
Reilly Opelka upsets top seed Djokovic 7-6 6-3, securing his spot in the final four in Brisbane!#BrisbaneTennis pic.twitter.com/1zIPG2Huaf
— Tennis TV (@TennisTV) January 3, 2025
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)