Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нокаут на годината: Миленикот на Мејведер со сензационален аперкат го „заспа“ Санта Круз (Видео)

Објавено

на

Џервонта Дејвис на спектакуларен начин ја доби долго најавуваната борба против Лео Санта Круз, а боксерот кој е промовиран од страна на легендарниот Флојд Мејведер уште еднаш демонстрираше дека е едноставно несовладлив во рингот.

Американецот кој има 25 години ја задржа ВБА титулата во лесна категорија, но го додаде и оној во јуниор лесна категорија кој беше во сопственост на противникот.

Она што посебно воодушеви е начинот на кој популарниот „тенк“ го ничкоса својот противник, или поточно како буквално го „заспа“ со сензационалниот аперкат кој го приреди, а кој веднаш се издвои како удар на годината во сите бокс категории.

Дејвис со својот фасцинантен удар ја реши борбата во шестата рунда, потег по кој Санта Круз неколку минути лежеше на земја, пред да се прибере и да стане на свои нозе.

– Толку сум горд на него, ова што го направи беше фантастично. Најверојатно јас сум посреќен од него, – изјави легендарниот Флојд Мејведер за својот боксер кој има страшен биланс од 24 победи и ниту еден пораз, со вклучени 23 нокаути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни