Поврзете се со нас

Европски првенства

Нокаут фазата на ЕП со чуден костур: Само еден од пет великани може да игра во финалето

Објавено

на

Последните натпревари од групната фаза на Европското првенство ги расчистија сите дилеми околу натпреварите од нокаут рундите, а познат е и целиот пат на сите селекции до евентуалното финале.

Најинтересните натпревари во осминафиналето се Англија-Германија, Белгија-Португалија и Шпанија-Хрватска, а уште позначајно е што најголем дел од фаворитите се на една страна на натпреварувачкиот костур.

Со други зборови, само една репрезентација од Белгија, Португалија, Италија, Шпанија и Франција може да игра во финалето, тука е и Хрватска, додека на другата страна се селекции како Велс, Чешка, Данска и Украина.

За многумина ваквиот натпреварувачки систем е неправеден, но репрезентациите сега мора да се концентрираат на следните противници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни