Поврзете се со нас

Германија

Нојер почувствува вина после првиот црвен картон во кариерата и јавно се извини (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Мануел Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на 38-годишна возраст, сето тоа како резултат на една лоша проценка во дербито со Баер Леверкузен.

Искусниот чувар на мрежата имаше еден од своите вообичаени излети при долга топка на противникот, но овојпат му го пресече патот на Фримпонг и немаше никаков контакт со топката, што значеше дека судијата нема друг избор, освен да го испрати на предвремено туширање.

Со играч помалку на теренот, Баерн загуби од актуелниот германски шампион со 0:1 и доживеа елиминација во Купот, што автоматски значи дека баварците останаа надвор од игра за една титула.

Нојер почувствува одговорност за ваквиот епилог и реши да се обрати преку социјалните мрежи по карјот на натпреварот, извинувајќи им се на соиграчите и навивачите за својот потег.

– Тешко се прифаќа ова….. За жал, доцнев во ситуација во која само сакав да помогнам. После црвениот картон, беше екстремно тешко за момците со играч помалку на теренот, но тие и покрај тоа дадоа се од себе. Навистина ми е жал, – порача Нојер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни