Поврзете се со нас

Германија

Нојер нема да брани против Турција и Австрија

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Првиот голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер нема да и биде на располагање на германската репрезентација за престојните пријателски натпревари против Турција и Австрија.

Нојер неодамна се врати на терените по долгата пауза и тоа на дуелот против Дармштад, но засега останува надвор од националниот тим, поточно ако се биде како што треба ќе се врати дури во 2024 година.

-Имав долг разговор со Нагелсман. Повторно разговаравме по натпреварот во Дортмунд. Нема да бидам во репрезентацијата, бидејќи ми треба повеќе време за себе. Овие натпревари прерано доаѓаат. Добро е да се залечат раните. Отворено разговаравме за се. Ќе дадам се од себе следната година да се вратам во репрезентацијата, -порача Нојер кој со својот Баерн има соочување со Галатасарај во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни