Германија
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)

Баерн Минхен дури пет пати ја погоди мрежата на Келн и се врати на победничките патеки во Бундеслигата, но погодокот кој го прими на стартот на второто полувреме направи да видиме нов бесен излив на емоции кај капитенот на тимот.
Мануел Нојер не остава ништо на случајноста и не познава ѕвезди во својот тим, па ако пред неколку дена го потстрои Левандовски во Рим, денеска му одржа лекција и беснееше по Давид Алаба откако овој направи аматерски и некарактеристичен кикс.
Откако најави дека ќе си замине по крајот на сезоната, фановите на Баерн се доста незадоволни од изданијата на Австриецот, кој денеска кумуваше за голот кој го прими Баерн за 2:1 на „Алијанц арена“.
Дефанзивецот се „закопа“ во место и му овозможи на Шкири лесно да ја прими топката и да го мине пред да погоди за 2:1, ситуација кога навистина го налути Нојер кој веднаш му се нафрли на својот стопер во стил на голем капитен.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 24 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 11 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата