Германија
Нојер меѓу редови го „поткачи“ Тухел: Сега Баерн игра…
Баерн Минхен направи сериозни промени по крајот на минатата сезона почнувајќи од тренерот Томас Тухел, па се до играчкиот кадар.
Баварците го доведоа Венсан Компани за нов тренер, одлука која донесе реакции, коментари со оглед на искуството и фактот што претходно го водеше Барнли со кого испадна од Премиер лигата, но Белгиецот засега одлично си ја работи работата и потврда за тоа се резултатите.
Клубот од Минхен во дербито со Баер Леверкузен ги загубија првите бодови во шампионатот, меѓутоа остануваат на лидерската позиција. Позитивно тргнаа и во Купот на Германија, Лигата на шампионите, има одредна енергија, правец во кој се движи тимот и доказ за тоа е изјавата на капитенот Мануел Нојер кој испрати комплименти за стратегот кој ги води, но и го „пецна“ неговиот претходник (Тухел).
-Повторно ја имаме таа самодоверба. Без разлика против кој тим играме, дури и против Леверкузен. Се држиме до нашиот стил, бевме доминантни. Тоа е нешто поразлично од порано.
-На теренот е забележлива сигурноста што ја дава Компани на секој поединец, поврзаноста што ја имаме. Играме како тим, -порача Нојер.
-
Евролига21 час
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија22 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации12 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан13 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Шпанија17 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Шпанија13 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Македонија10 часа
Антоан херој, Пелистер го сруши шампионот во Битола
-
Лига на нации13 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија