Поврзете се со нас

Германија

Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик

Објавено

на

Ханс Дитер Флик одлучи да стави крај на неизвесноста и на сите шпекулации поврзани за неговата иднина во Баерн Минхен, соопштувајќи и на јавноста дека лично побарал раскинување на договорот со европскиот и светски шампион откако тимот доживеа елиминација од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Флик веќе извесно време има интерна „војна“ со Хасан Салихамиџиќ и по се изгледа истата ја доби популарниот Брацо, но од друга страна, се верува дека Ханси има навистина добра причина за заминување, бидејќи има понуда на маса од германската Фудаблска Федерација да го наследи Јоаким Лев како селектор по крајот на Европското првенство.

За таква разврска допрва ќе треба да се одгатнуваат одредени прашања, но кога се работи за неговата авантура во Баерн, Флик јасно стави до знаење дека се повлекува по крајот на оваа сезона, со што ќе комплетира едни незаборавни 18 месеци во кои освои се што можеше да се освои.

Ханси по победата од 2:3 над Волфзбург откри дека својата одлука сам им ја пренел на соиграчите во соблекувалната, а Нојер и Милер први излегоа со реакции по најавата за заминување на тренерот кој го препороди баварскиот великан во краток временски интервал.

– Ова беше емотивна приказна за нас во соблекувалната. Како тим, имавме незаборавно време заедно и истото беше навистина успешно. За нас играчите беше навистина важно оваа вест да ја дознаеме од тренерот, тој ни го кажа тоа лично пред да излезе со изјава во јавноста, тоа е за почит. Тоа е знак дека нашиот однос со тренерот е извонреден, – изјави капитенот Мануел Нојер.

– Ханси ни кажа што решил, но немаше потреба да ни објаснува. Тој остава многу енергија во овој тим после неверојатните интензивни 18 месеци. Како тренер на Баерн, потребно е да имате цврста кожа. Барањата секогаш се неизмерно високи и секогаш треба да бидете тука за тимот. Беше навистина интензивен период. Тој не ни објасни зошто си оди, но нема потреба да ни образложува на нас играчите, – порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни