Поврзете се со нас

Светски првенства

Нојер и дефинитивно ја пропушта средбата со Македонија, Лев внимателен: Ќе биде тежок натпревар

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев и дефинитивно пресече и посочи дека на натпреварот против Македонија на голот ќе се најде Марк Андре Тер Штеген.

Ова ќе биде прв натпревар за голманот на Барселона уште од ноември 2019 година кога го чуваше голот на „панцирите“ на средбата со Северна Ирска.

Со одлуката на Лев да го одмори 35 годишниот Нојер капитенската лента ќе оди кај Илкај Гундоган кој сигурно ќе го започне натпреварот со Македонија. Од првата минута се очекува да биде и напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, а шанса може да добие и Робин Госенс.

Во изјава за новинарите, Јоаким Лев истакна дека Македонија ќе биде незгоден противник исто како и Романија и дека ова ќе биде уште еден тежок натпревар за нив.

– Јасно е дека ќе почнеме со сличен тим како и против Романија. Медицинскиот тим ми кажа дека  и Робин Госенс е подготвен за игра, па тој ќе тренира со нас денес. Македонија не е за потценување, тие всушност не се воопшто полоши од Романија. Ова ќе биде еден тежок натпревар, -изјави Лев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни