Поврзете се со нас

Германија

Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Мануел Нојер многу рано мораше да го напушти дербито меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен во германскиот Куп, откако заработи директен црвен картон во 17. минута од натпреварот.

Нојер направи прекршок над Фримпонг надвор од својот шеснаесетник и беше веднаш испратен во соблекувална, па Баерн мораше да го продолжи натпреварот со играч помалку.

Лерој Сане мораше порано да го напушти теренот за да овозможи голманска замена во редовите на својата екипа, а барем по првиот дел не видовме погодок на дербито на „Алијанц“.

Интересно, за Нојер ова е прв црвен картон во професионалната кариера и истиот го заработи на 38-годишна возраст.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни