Поврзете се со нас

Англија

Ноел Галагер: Инсистираат на рестарт поради Ливерпул, играчите се демонизирани

Објавено

на

Ноел Галагар е познат како голема музичка ѕвезда, но и голем фан на Манчестер Сити. Денеска тој ја коментирал ситуацијата во Премиер лигата и идејата за продолжување на сезоната, потенцирајќи дека тоа е погрешен потег.

– Не ми недостасува сезоната бидејќи и онака Ливерпул имаше 25 бодови предност. Мислам дека одамна требаше да биде елиминирана, дајте им ја титулата и онака веќе ја освоија, – вели еден од основачите на групата Оејзис.

– Циникот во мене вели дека ако Ливерпул не требаше да ја освои титулата, односно ако во оваа позиција беа Сити или Челси, сезоната одамна ќе беше официјално поништена.

– Мислам дека не треба да има испаѓање и влез на нови екипи, сите треба да размислуваат за следната сезона. Ако пробаат да ја завршат сезоната, тогаш следните неколку ќе бидат хаос.

– Не ми се допаѓа како фудбалерите се демонизирани откако започна оваа работа, мислам дека ги туркаат на сила да се вратат на терен. Тие се млади момчиња и не би сакале да играат во ситуација кога постои ризик, – потенцира Галагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни