Поврзете се со нас

Англија

Нобл го „пецна“ Лингард по натпреварот на „Олд Трафорд“: Не го правеше тоа кај нас

Објавено

на

Екипата на Вест Хем обезбеди пласман во следната рунда од англискиот Лига куп откако со 1:0 славеше на „Олд Трафорд“ против фаворизраниот Манчестер Јунајтед.

По крајот на натпреварот, стратегот на „ѓаволите“ се пожали дека не им бил досуден чист пенал кога Нобл стартуваше врз Џеси Лингард.

Сепак, според инволвираниот фудбалер на Вест Хем, Лингард одглумил и вреснал за да добие пенал, за што си добил „лекција“ од повозрасниот колега.

– Таков е фудбалот, Лингард глумеше и му кажав да не вреска, навистина беше смешно затоа што тој не го правеше тоа со нас, но го прави сега тука, -изјави Нобл.

Вест Хем во следната рунда ќе се сретне со Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни