Ноа се коцкаше, но Франција е на чекор до триумф во Дејвис купот

Erbert-Gaske

Францускиот капитен Јаник Ноа ги изненади фановите откако реши во денешниот дубл да настапат Гаске и Ерберт, но оваа двојка успеа да го донесе толку посакуваниот бод во финалето на Дејвис купот против Белгија.

Во ситуација кога Ноа на располагање имаше играчи како Бенето и Маи кои играат дубл, францускиот капитен се одлучи за Ерберт и Гаске кои досега не играле заедно, а двајцата славеа со 2:1 во сетови во дуелот против Бемелманс и Де Лур.

Французите ја бркаат десеттата Дејвис куп титула, а утре во Лил можат да ја прослават уште по првиот меч во кој Цонга за противник ќе го има Гофан, двајца тенисери кои во петокот ги добија своите мечеви во сингл конкуренција. Доколку Гофан израмни, во петтиот решавачки меч ќе се сретнат Пуиј и Дарсис.

Facebook Коментари