Германија
Нкунку се јави од Париз и откри каде ќе ја продолжи кариерата: Немојте да се грижите (Видео)

Кристофер Нкунку имаше сезона за паметење во Германија и постигна 35 гола на 50 натпревари за Лајпциг, па поради тоа го сврте вниманието на себе и се доведе во ситуација да размислување за враќње во матичниот клуб.
Во една од своите последни изјави, самиот Нкунку му се понуди на ПСЖ и порача дека сака да се врати на „Паркот на принцовите“ за докажување во првиот тим, но сепак 24-годишната сензација во Бундеслигата ќе остане уште малку во германскиот фудбал.
Нкунку е на одмор во родниот Париз и оттаму се јави со порака за својата иднина, односно за да соопшти дека потпишал нов договор со Лајпциг кој го обврзува на верност до 2026-та година.
– Поздрав од Париз, но немојте да се грижите, се враќам брзо во Лајпциг. Доаѓам за да останам, напред Лајпциг, – порача Нкунку.
Со новиот договор, Нкунку добива подобри финансиски услови, но според угледните медиуми од Германија, постои клаузула според која ќе може да биде откупен од европски великан за 60 милиони евра, точка која ќе може се активира наредното лето во 2023-та година.
Greetings from Paris 👋💌
🔴⚪ #WeAreLeipzig @c_nk97 pic.twitter.com/tIApbnNPWd
— RB Leipzig English 🏆 (@RBLeipzig_EN) June 23, 2022
-
Македонијапред 4 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 20 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 17 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата