Поврзете се со нас

Германија

Нкунку го најави својот следен клуб: Тоа е мојот дом, мојот омилен клуб

Објавено

на

Офанзивецот на Ред Бул Лајпциг и репрезентативец на Франција, Кристофер Нкунку меѓу редови го најави неговиот следен клуб.

За одличниот фубалер кој остави одличен впечаток во Бундеслигата оваа сезона има интерес од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а според неговата последна изјава тој попрво би се одлучил да направи трансфер во тимот на ПСЖ од каде и потекнува.

– Париз е мојот дом, таму е мојот омилен клуб. Не ги затворам вратите за трансфер, се е можно во фудбалот.

– Убаво е кога најголемите светски клубови се интересираат за мене. Но исто така одлично е да се види дека Лајпциг прави се што  е во нивна моќ за да ме задржи, -изјави Нкунку.

Офанзивецот потекнува од школата на ПСЖ, запиша и неколку настапи за сениорскиот тим на „светците“ пред да направи трансфер во Германија каде остави одличен впечаток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни