Поврзете се со нас

АТП

Њукомб: Надал и Ѓоковиќ не ги интересираат парите, тие играат…

Објавено

на

Некогашниот најдобар тенисер на светот, Џон Њукомб ги пофали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои според него главниот акцент го ставаат на освојување на грен слем титули, поточно не играат за пари.

Надал и Ѓоковиќ заедно имаат 36 пехари на големите турнири, првиот има 19, вториот 17 со што се на второто и третото место на вечната листа зад Рожер Федерер (20).

-Многу тенисери би сакале да играат за да заработат пари. Ѓоковиќ и Надал бркаат грен слем титули. Ако едниот од нив игра, другиот си мисли „добро, подобро да играм и јас“, -вели Џон кој верува дека Рафа ќе настапи на Ју-Ес Опен.

-Сигурен сум дека Надал би сакал да игра на Ју-Ес Опен, дури и ако не го освои. Тој ќе му треба како подготовка за Франција, -дополнува легендарниот Австралиец.

Турнирот во Њујорк треба да почне на 31 август, додека оној во Париз на 20 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни