Англија
Њукасл врза трета победа над Јунајтед, Гордон јунак на „Ст. Џејмс парк“ (Видео)
По поразот во големото финале на Карабао Купот кое се одигра минатата сезона, Њукасл успеа да врзе трета победа над Манчестер Јунајтед, втора на домашниот „Ст. Џејмс парк“.
Саботната програта во Премиер лигата беше затворена со големото дерби на северот од Англија, натпревар на кој Њукасл на крајот навистина заслужено стигна до минимална, но вредна понуда од 1:0.
„Страчките“ доживеаја огромно разочарување во Лигата на шампионите и беа оштетени во Париз, но сета фрустрација успеаја да ја преточат во добро издание на теренот, кое кулминираше со триумф.
Њукасл беше далеку подобар тим уште во првиот дел и создаде неколку големи шанси за водство, но покрај Андре Онана, соперник за домаќините беше и гредата.
Трипие со мајсторски удар ја стресе рамката од голот, но ако не успеа да се запише во листата на стрелците, успеа да се претвори во асистент на стартот на вториот дел. Англискиот репрезентативец го проигра осамениот Гордон кој ја погоди празната мрежа на Онана, па од 54-та минута работите мораа да се менуваат.
Во продолжение Јунајтед беше тимот кој бркаше резултат, па иако успеа да постигне гол, истиот беше поништен поради офсајд од Мегваер по ударот на Антони.
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот