Англија
Њукасл во финални преговори за дефанзивец од Ла Лига

Њукасл се бори за опстанок во Премиер лигата, а новите сопственици на секој начин се обидуваат да дојдат до квалитетни засилувања кои ќе овозможат исполнување на примарната цел.
Откако беа ангажирани Трипие и Вуд, Њукасл е во завршни преговори и за дефанзивец кој би пристигнал од Лига, поточно од редовите на Севилја.
Се работи за одличниот Диего Карлос, за кого Севилја одбила неколку понуди, но ја прифатила таа вредна 30 милиони фунти, – пренесува „Гардијан“.
Бразилецот може да стави потпис на договорот уште денеска или утре, а Њукасл мора да го регистрира до петок ако сака да смета на него за дуелот со Лидс Јунајтед.
Претходно, менаџерот Еди Хауи се обиде да го ангажира Свен Ботман од Лил, но неуспешниот обид го натера да се фокусира на Карлос, кој веројатно ќе стане нов стопер на Њукасл.
-
Англијапред 23 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 16 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 14 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 21 час
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 22 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 15 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 5 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)