Поврзете се со нас

Англија

Њукасл стравува за пауза на уште еден важен играч по гостувањето во Дортмунд

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Вториот пораз во серија од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите не е единствената лоша вест за Еди Хау од гостувањето во Германија.

Напаѓачот Калам Вилсон заработил повреда поради која беше повлечен од игра на полувреме, а „црно-белите“ стравуваат дека го очекува привремена пауза, која значи дополнителен проблем за стручниот штаб.

Дополнителните прегледи треба да потврдат што ги предизвикале болките кај Вилсон пред да биде заменет, а неговото значење за екипата доволно го покажува фактот што постигна седум гола на десет натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Од претходно Њукасл не смета на повредениот Александер Исак, а повредени се и Барнс, Ботман, Марфи, Таргет, Андерсон и Брн.

Во следното премиерлигашко коло, противник на Њукасл е Борнмут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни