Поврзете се со нас

Англија

Њукасл спремен да понуди 60 милиони евра за голманот на Бенфика

Објавено

на

Од таборот на Њукасл се подготвуваат за летниот преоден рок во кој ќе треба на дело да го покажат тоа што изминатиов период се шпекулира.

Познатиот англиски клуб доби нови саудиски сопственици кои се подготвени да вложат големо богатство во клубот и да го издигнат неколку нивоа погоре.

Во јавноста се шпекулира со најразлични имиња за играчкиот кадар, а се зборува дека кандидати за клупата се и познатите и признатите тренери Маурисио Покетино, Јулијан Нагелсман и Макс Алегри.

Сега, португалскиот медиум „А Бола“ пренесува дека Њукасл е заинтересиран за голманот на Бенфика, Одисеас Влаходимос.

Влаходимос има одлична сезона зад своето име, а во договорот има висока откупна клаузула од 60 милиони евра.

Њукасл е заинтересиран за него, но од Бенфика не планираат да го пуштат да си оди за сума помала од откупната клаузула, па „чавките“ ќе мора да платат голема сума на пари за да го обезбедат неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни