Поврзете се со нас

Англија

Њукасл сериозно притисна за незадоволната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, трансферот пред реализација

Објавено

на

Медиумите на Островот пренесуваат дека во следните неколку денови би можел да се реализира најавуваниот трансфер на релација Манчестер Јунајтед- Њукасл.

Имено, од редовите на Њукасл сериозно запнале за ангажман на Џеси Лингард кој лани имаше одлична полусезона во редовите на Вест Хем каде играше како позајмен фудбалер.

И покрај тоа, во Манчестер Јунајтедне доби доволно простор за да се докаже, па сега во јануари повторно ќе ја промени средината.

Њукасл подготвил доста прифатлива понуда до Манчестер Јунајтед. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ сакал уште во јануари перманентно да го обезбеди потписот на Лингард.

Сепак, на барање на Лингард кој инсистирал на позајмица, со цел да ги разгледасите опции за нов трансфер во летниот преоден рок, од Њукасл се согласиле да испратат понуда за позајмица со тоа што ќе платат обесштетување на „ѓаволите“ плус тоа ќе ја покријат целата плата која ја има Лингард од 100.000 фунти неделно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни