Англија
Њукасл се откажа од жалба за црвениот картон на Гордон

Ентони Гордон ќе мора да ја одработи суспензијата на три натпревари поради црвениот картон заработен на дуелот со Брајтон во ФА купот и тоа значи дека нема да игра во финалето на Карабао купот.
Добрата вест за противникот Ливерпул денеска ја потврди менаџерот Еди Хау, кој потенцирал дека Њукасл не пронашол доволно основа за да испрати официјална жалба за промена на одлуката на судијата.
Гордон со агресивен потег оттурна и закачи по главата противнички фудбалер, по што заработи исклучување, а сега ќе пропушти неколку важни натпревари за својата екипа.
Најважниот секако е битката за трофејот во Лига купот, односно финалето на „Вембли“ против Ливерпул на 16. март.
– Дискутиравме во клубот на оваа тема, ја разгледавме ситуацијата и со нашите адвокати, но не најдовме доволно основа за да испратиме жалба. Ентони не сакаше да повреди никого, но не сме оптимисти дека одлуката може да биде променета, – рекол Хау.
Гордон првпат ќе може да настапи на дуелот со Лестер закажан по точно еден месец.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)