Поврзете се со нас

Англија

Њукасл се ослободи од Кариус, но ги изненади фановите со одлуката за негов наследник

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NUFC

Лорис Кариус ја заврши својата авантура во редовите на Њукасл и тоа беше очекувано сценарио за иднината на германскиот голман, но премиерлигашот направи неочекуван потег во однос на одлуката за негов наследник.

Иако се работи за веројатно трет голман во голманската хиерархија на црно-белите, повредите и слични проблеми можат да дадат посериозен акцент на одлуката нов голман на Њукасл да биде 37-годишниот ветеран Џон Ради.

Ради го напушти Бирмингем кој испадна во третиот ранг по квалитет и потпиша едногодишен договор со Њукасл, па ќе биде поддршка за Ник Поуп и Мартин Дубравка, кои барем засега се дел од овој премиерлигаш.

Искусниот голман зад себе има 150 премиерлигашки настапи во дресовите на Норвич, Волвс и Евертон, а своевремено забележа и еден настап за репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни