Поврзете се со нас

Англија

Њукасл притиска за ангажман на соиграч на Елмас од Наполи

Објавено

на

Од таборот на Њукасл по секоја цена ќе се обидат да го убедат офанзивецот на Наполи кој зад себе остави одлична сезона, Виктор Осимен.

Нигериецот би можел да си оди од Наполи ова лето, а токму Њукасл е тимот кој е подготвен да издвои значителна сума на пари за да ги обезбеди неговите услуги.

Сепак, „Ла Газета Дело Спорт“ пишува дека Осимен сака да игра во тим кој би играл во Лигата на шампионите, па токму затоа веднаш нема да прифати преселба во Њукасл.

За играчот се распрашувале и од Манчестер Јунајтед и Арсенал, а по последните случувања на трансфер пазарот се очекува дека „топчиите“ сепак ќе се откажат од намерата да го ангажираат Осимен.

Инаку, Њукасл долг период е во преговори со напаѓачот на Реимс, Хуго Екитике и се очекува овој трансфер исто така да се реализира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни