Поврзете се со нас

Англија

Њукасл му фати голем сеир на Артета по пласманот во финалето: Еве го виновникот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал не успеа да постигне ниту еден гол во двете полуфинални пресметки со Њукасл во Карабао Купот, а „страчките“ имаа доволно причини да му фаќаат сеир на ривалот по вкупната победа од 4:0.

Тимот на Еди Хау вторпат победи со 2:0 и си го завери билетот за „Вембли“, по што Њукасл како клуб реши да исмева една изјава на Микел Артета која Шпанецот ја даде по првиот меч.

Менаџерот на Арсенал се пожали дека неговите играчи пропуштиле голем број шанси поради топката со која се игра во Карабао Купот, која според него била полесна и летала поинаку од онаа во Премиер лигата.

– Оваа топка е многу поразлична од онаа на што сме навикнати. Многу е поразлична од топката во Премиер лигата и мора да се адаптираме на тоа. Оваа топка лета поразлично, кога ќе ја шутнете добива поинаква траекторија и мора да се адаптираме на тоа, – изјави тогаш Артета.

Еден месец подоцна, Њукасл реши да му фаќа сеир на Шпанецот, и тоа откако му зададе нов пораз со 2:0.

– Виновникот……..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни