Поврзете се со нас

Англија

Њукасл ја наполни мрежата на Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NUFC

Њукасл Јунајтед го доби денешното мало премиерлигашко дерби против Челси, остварувајќи убедлива победа на домашен терен со 4:1.

Домаќините поведоа преку Исак во 13. минута, но Стерлинг возврати десет минути подоцна, со што Челси врати на егал, резултат кој го имаше на почетокот на вториот дел.

Во продолжението, Ласелс во 60. минута донесе нова предност за „црно-белите“, додека една минута подоцна Жоелинтон го зголеми водството.

Конечните 4:1 ги постави Гордон во 83. минута, а гостите последните дваесетина минути ги играа и без исклучениот Џејмс.

По денешниот триумф, Њукасл е на шестото место со 23 бода, додека Челси останува на 16 на средина на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни