Поврзете се со нас

Англија

Њукасл го освои „Емирејтс“ и заработи солидна предност пред реваншот со Арсенал

Објавено

на

Фото: https://x.com/NUFC

Фудбалерите на Њукасл остварија голема победа на гостувањето кај Арсенал (0:2) и со сериозна предност ќе го дочекаат реваншот од полуфиналето на Карабао купот.

Лондонскиот тим беше фаворит во пресрет на првото соочување на големите ривали, но Њукасл казни две невниманија на одбраната на „топчиите“, додека домаќините не го искористија притисокот во завршниот период од средбата.

Исак во 37. минута го отвори резултатот, додека Гордон во 51. минута ја зголеми предноста на црно-белите и ги постави конечните 0:2.

Реваншот во Њукасл ќе се игра на 5. февруари, а домаќините ќе имаат солидна позитива која ќе треба да ја потврдат во второто соочување со Арсенал.

Утре во вториот полуфинален пар се среќаваат Тотенхем и Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни