Поврзете се со нас

Англија

Њукасл го најави враќањето на Тонали

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Сандро Тонали полека ги одработува последните денови од суспензијата поради нелегалното обложување на фудбалски натпревари, а неговиот клуб Њукасл денеска објави кога може да се очекува неговиот камбек.

Италијанскиот репрезентативец ја пропушти речиси цела претходна сезона поради прекршувањето на правилата за обложување, а суспензијата му истекува на 28. август.

Тоа значи дека Тонали ќе ги пропушти првите натпревари од новата сезона, но може да биде во комбинација за дуелот против Тотенхем, закажан за 1. септември.

Тонали доби 10-месечна суспензија од Италијанската фудбалска федерација, а истата му важеше и за англиската фудбалска сцена, при што одигра само 11 натпревари и постигна 1 гол во дресот на својот нов клуб Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни