Поврзете се со нас

Англија

Њукасл го декласираше Јунајтед, Мазрауи со аматерска грешка го потврди потопот на „Ст. Џејмс парк“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NUFC

Њукасл е сериозен во намерата да игра елитен европски фудбал наредната сезона, а тоа го потврди и со фуриозното издание кое го имаше ова попладне против Манчестер Јунајтед.

Иако фудбалерите на Њукасл немаа поддршка од својот менаџер Еди Хау кој отсуствува поради болест, мора да се напомене дека домаќините играа со уште поголема мотивација во отсуство на тренерот, па така попладнево го декласираа Манчестер Јунајтед со 4:1.

„Страчките“ во вториот дел покажаа дека во моментов се за класа или две подобар тим од актуелниот на Рубен Аморим, а колку ситуацијата повремено изгледа лошо за „ѓаволите“, најдобро говори и грешката на Мазрауи.

Њукасл поведе со 1:0 со мајсторската комбинација меѓу Исак и Тонали кој погоди за 1:0, па иако Јунајтед се врати со голот на Гарначо, Харви Барнс имаше целосно поинакви планови.

Напаѓачот на Њукасл постигна два погодоци во период од 15 минути и стана јасно дека Јунајтед нема што да бара на ова гостување, особено откако Мазрауи направи аматерска грешка во акцијата за вториот гол на Барнс.

Точка на победата стави Бруно Гимараеш на 13 минути пред крајот, па завршницата од мечот беше чиста рутина за домаќините, кои повторно се вратија на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.

Јунајтед со овој пораз падна на 14-то место, по што станува јасно дека единствена цел за Аморим до крајот на сезоната е да брка трофеј во Лигата на Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни