Поврзете се со нас

Англија

Њукасл ги замоли навивачите да не се облекуваат во традиционална арапска облека

Објавено

на

Новите сопственици на Њукасл побараа од навивачите да не се облекуваат во традиционална арапска облека, бидејќи тоа може да навреди некого во нивната земја.

Њукасл заврши во сопственост на инвестициски фонд од Саудиска Арабија, а навивачите како еден вид благодарност и поддршка почнаа да се облекуваат и маскираат како Арапи.

Сега клубот со официјално соопштение побара да прекине тој тренд.

– Гестот на навивачите го сметаме како позитивен и посакување добредојде за новите сопственици, па никој од нив не се навреди поради ова.

– Сепак, постои можност ваквото облекување да изгледа непристојно и да предизвика навреда кај луѓето.

– Затоа, Њукасл љубезно ги замолува навивачите да не се облекуваат во традиционална арапска облека или да носат арапски марами на главите, – стои во соопштението на Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни