Поврзете се со нас

Свет

Њујорк спречи победа на Меси и колегите во последните секунди, Тата Мартино лут на судијата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/InterMiamiCF

Интер Мајами ја испушти победата на гостувањето кај Њујорк во 95. минута од натпреварот, а домаќините предизвикаа еуфорија на „Јенки“ стадионот постигнувајќи гол по корнер кој беше и последна шанса за реми.

Комбинацијата на Меси и Алба заврши со асистенција на Шпанецот и реализација на Кампања во 75. минута, по што Интер Мајами конечно стигна до водството на преполниот стадион во Њујорк, но составот на Тата Мартино не успеа да ги освои трите бода.

Сендс беше херојот на домашниот состав и фудбалерот кој со глава реализираше по доброто нафрлување од корнер, но целата акција во која Јаник Брајт од Интер Мајами се најде на тревата предизвика лутина кај гостинскиот тренер.

– На мојот тим не му недостасуваше ништо, туку на натпреварот му недостасуваше добар судија.

– Одигравме добар натпревар, требаше да победиме. Ако судијата го досудеше прекршокот над Брајт, ќе победевме со 1:0, – рекол Мартино.

И покрај серијата од два нерешени резултати, Интер Мајами е на првото место во Источната конференција со 64 бодови, а има далеку подобар ефект и до Л.А Галакси, лидерот на Западот со 58 бодови и натпревар повеќе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни