Њујорк Никс го отпушти тренерот Фицдејл

Fizdale

Катастрофалната серија на Њујорк Никс донесе отказ за досегашниот тренер, Дејвид Фицдејл, како и за неговиот асистент, Кејт Смарт.

Поразот од Денвер беше осми по ред за Њујорк во НБА лигата, а во еден дел од средбата екипата имала негатива од 43 поени, за што подоцна доби и остри критики од самиот Фицдејл.

Њујорк е најслабо пласиран тим во Источната конференција со учинок 4-18 и го израмнија клупскиот анти-рекорд на франшизата за првите 22 натпревари од сезоната.

Facebook Коментари