Поврзете се со нас

НБА

Њујорк ја доби драмата со Бостон, Јокиќ со дабл-дабл го потврди пресвртот на Денвер

Објавено

на

Вториот натпреварувачки ден од новата НБА сезона донесе многу натпревари на програмата, а најдраматично беше на класикот меѓу Њујорк и Бостон.

Смарт со тројка донесе продолжение за гостите, потоа се одиграа две продолженија, за на крајот сепак Њујорк да победи со 138:134.

Браун од Бостон бил најефикасен со 46 поени, додека во победничкиот тим, Ренлд заврши со 35, а Фурние со 32 поени.

Денвер имаше двоцифрена негатива против ланскиот финалист Феникс, но предводен од Никола Јокиќ успеа да направи пресврт и да стигне до победа со резултат 98:110.

Јокиќ имал дабл-дабл со 27 поени и 13 скокови, а Бартон реализирал 20 поени.

Резултати од НБА:

Хорнетс – Пејсерс 123:122
Пистонс – Булс 88:94
Никс – Селтикс 138:134 (п)
Репторс – Визардс 83:98
Гризлис – Кавс 132:121
Тимбервулвс – Рокетс 124:106
Пеликанс – Сиксерс 97:117
Спарс – Меџик 123:97
Џез – Тандер 107:86
Санс – Нагетс 98:110
Трејл-Блејзерс – Кингс 121:124

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни