Поврзете се со нас

НБА

Њу Орлеанс го загуби Инграм

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PelicansNBA

Њу Орлеанс Пеликанс потврдија дека Брендон Инграм заработил повреда на коленото и ќе мора да оди на принудна пауза.

Иако не се работи за многу сериозен проблем, Инграм ќе мора да паузира барем две недели, по што лекарскиот тим ќе одлучува натпревар за натпревар околу неговиот камбек.

Инграм ја заработил повредата во поразот од Орландо, на кој морал да го напушти теренот, за деталните прегледи да утврдат дека му е потребна само одмор и пауза од вообичаените обврски.

Пеликанс се надеваат дека Инграм ќе се врати во тимот пред крајот на регуларниот дел од сезоната, во која Њу Орлеанс се бори за што подобра позиција на Западот.

Сезонава Инграм има просек од 20,9 поени по натпревар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни