Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Њокас: Откако пристигна Дејвис, секој ракометар доби своја мисија

Објавено

на

Вардар прекина две серии на денешното гостување во Франција, својата непријатна од седум порази во низа, но и онаа импресивната на Монпелје кој не знаеше за пораз на осум средби во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак направи сензација во Европа кога малку кој очекуваше, бидејќи денеска ги одмери силите против најдобриот тим во групата во првиот дел од сезоната и оној кој му одржа лекција во Скопје.

Вардар успеа да му се реваншира на Монпелје и во вториот дел имаше и предност од осум гола разлика, но на крајот се задоволи со победа од 25:28 која ги носи „црвено-црните“ на шестото место и во игра за нокаут фазата во најелитното натпреварување.

Импресивниот старт на втората полусезона доаѓа под водство на тренерот Давид Дејвис, кој прифати да го наследи Веселин Вујовиќ по катастрофалната серија резултати во која западна тимот.

Оливие Њокас беше најефикасен во победничкиот тим со пет реализации, а по мечот истакна дека главен „виновник“ за победата е тренерот Дејвис.

– Ова е голем резултат за нас. Секогаш е добро да дојдете во Франција и да остварите победа. Имавме разочарувачки старт на сезоната, што не кореспондираше со амбициите и иочекувањата на овој тим. По доаѓањето на Дејвис, тој му зададе мисија на секој играч и успеавме да го одработиме тоа што го побара од нас. Ова е добар резултат, но мора да продолжиме така и да врземе неколку победи, – изјави Њокас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни