Поврзете се со нас

Шпанија

Ниту Зидан, ниту Анчелоти: Валверде го именуваше својот спасител во Реал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Феде Валверде мораше да мине трнлив пат за да дојде до ситуација каква што ужива во моментов, но мора да се напомене дека Уругваецот се избори за такво нешто со напорна работа.

Играчот за врска ги учеше навиките во шпанската Ла Лига на суров начин и испадна од Примера како член на Депортиво Ла Коруња во 2018-та година, а токму по крајот на сезоната 2017/18, ја доби и првата вистинска шанса во првиот тим на Реал Мадрид.

Феде играше како позајмен играч во Депортиво и се врати во Реал да ги одработи подготовките, а за време на истите, успеа да го импресионира Хулен Лопетеги кој тој го смета за свој спасител.

– Лопетеги е мојот спасител, навистина му должам многу. Хулен беше личноста која прва ми даде голема самодоверба. Јас бев во Уругвај и бев потиштен поради тоа што останав без мундијал, не се најдов на списокот на повикани фудбалери. Тоа ме болеше многу, една од најлошите работи во кариерата. Наместо да одам на одмор, јас тренирав секој ден и за тоа добив награда од Лопетеги. Наградата беше да заиграм за првиот тим на Реал, – вели Валверде во интервјуто со Хорхе Валдано.

– Кога дојдов во Реал, на иста маса ги гледав Марсело, Касемиро, Бејл, Бензема, Рамос…. Касемиро беше тој кој ме стави под негова закрила. Ме прегрна и ми порача: Седни тука со нас. Поради нашите позициите на теренот, бевме блиску и во соблекувалната. Касемиро никогаш не викаше за да ве коригира, или да ве советува. Тој беше близок и тивок, даваше конструктивна критика. Тоа што го прави сега мојата сопруга, претходно ми го правеше Касемиро. Постојано ми велеше дека треба да тренирам повеќе и да работам повеќе, – открива Феде.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни