Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ниту Роналдо немал ваков почеток: Белингем со нов рекорд во дресот на Реал

Објавено

на

Џуд Белингем минатово лето ја замени Борусија Дортмунд со Реал Мадрид, потег кој се покажа како перфектен како за клубот така и за самиот играч.

Англичанецот ја игра најдобрата сезона во кариерата, постојано учествува во погодоците, играта на Реал, па така и вчера даде придонесе со гол и асистенција во славјето над Наполи од 4-2 во Лигата на шампионите.

Со ова Белингем испиша нова страница во историјата на клубот, стана прв играч кој успеал да страла на секој од првите четири натпревари. Тој погоди против Унион Берлин, Брага, Наполи, не беше активен во второто соочување со португалскиот претставник за да синоќа ја затресе мрежата на Елмас и компанија.

Тој севкупно има 15 голови на 16 средби за Реал и ако вака продолжи и многу други рекорди на Кристијано Роналдо можат за бидат соборени, ама тоа дефинитивно нема да биде лесна мисија.

-Спектакуларен е кога влегува во шеснаесетникот, влегува како на мотор. Сè што прави е донекаде изненадувачки бидејќи никој не можеше да замисли дека толку брзо ќе се прилагоди во Реал, во овој клуб, дека ќе игра вака. Ги изненади сите, навивачите, соиграчите и ривалите, -рече Карло Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни